Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, сака биткоинот да биде легално средство за плаќање во земјата. Тој се надева дека парламентот ќе го поддржи неговиот план и во тој случај Ел Салвадор ќе стане прва држава во светот која официјално ја прифатила оваа дигитална валута.
„На овој начин на луѓето кои живеат во странство ќе им биде полесно да праќаат пари дома. Тоа ќе може да поттикне и инвестиции во земјата“, вели Букеле.
Тој смета дека ова е важно бидејќи 70% од жителите на Ел Салвадор немаат банкарска сметка.
Економијата на оваа држава најмногу се потпира на парите што се праќаат однадвор и тие сочинуваат 20% од нејзиниот бруто домашен производ. Повеќе од два милиона Салвадорци живеат во странство, но тие секоја година испраќаат околу четири милијарди долари во татковината.
Ако се прифати биткоинот, тој би бил средство за плаќање заедно со американскиот долар, кој е официјалната валута во земјата.