Присила Присли говорела за документарниот филм на HBO „Elvis Presley: The Searcher“, за кој изјавила дека не е вистина дека никој не сакал да му помогне на нејзиниот поранешен сопруг, но дека не постоел човек кој можел да му каже на Елвис, што треба да направи.
Присила истакнала дека таа, како и неговите блиски и сакани лица, се обиделе да го тргнат од дрогата, но не успеале, пишува британски „Сан“.
„Не му кажуваа на Елвис Присли што да прави. Многу брзо не исфрлаше од неговиот живот. Не постоеше начин да се допре до него“, изјавила Присила, која за Елвис се омажила во 1967 година, а се развела 6 години подоцна.
Актерката вели дека никој не можел да го натера Елвис да прекине да зема лекови, а додала и дека Елвис пред неговата смрт, оставил две проштални пораки. Членовите на неговото семејство во документарецот раскажале како Елвис го извршил самоубиството, и дека намерно земал преголема количина таблети за болки.
„За мене тие проштални пораки се чист доказ дека сакал да се убие“, изјавил полубратот на Присли, Рик Стенли.
Елвис и Присила за време на бракот ја добиле ќерката Лиса Мери Присли (50), а неговата поранешна сопруга со која бил близок се до неговата смрт во 1977 година, ја обвинува американската војска, со која отслужил воен рок во Германија.
„На војниците им давале лекови за да ги одржат будни. Морал во текот на ноќта да ги извршува своите должности ѝ тоа така почна“, објаснува актерката.
По смртта Елвис Присли на 16 август 1977 година, во јавноста прочуриле информации за тоа како само еден од лекарите на кралот на рокенролот, за 8 месеци му препишал повеќе од 10.000 таблети!
На сето тоа, пејачот и премногу јадел, а многу брзо ја достигнал килажата од 114 килограми.