Езерото, каде што некогаш се сончал Синатра, денеска е токсична прашина

Од песочните плажи и топлата вода во текот на речиси цела година, езерото Салтон во Калифорнија било совршено место за одмор во текот на 50-тите и 60-тите години.

Тука летувала и холивудската елита, меѓу кои и Рок Хадсон, Френк Синатра и Џери Луис, кои редовно се скијале или одморале на јахтите.

Но, денеска ова езеро се опишува како еколошка катастрофа. Настанало случајно во 1905 година, со изливање на реката Колорадо.

Проблемот станал видлив веќе во седумдесеттите првенствено поради пестицидите од околните фарми, кои ја загадувале водата.

Во летните денови, кога температурите ќе достигнеле и повеќе од 40 степени, на Солтон се чувствува силен сулфурен мирис на расипани јајца.

Како што се сушело езерото, така се јавувала и нова опасност. Ветерот ја разнесувал токсичната прашина на сувите делови од земјата.

Доктор Тим Кранц, кој изучува географија во оваа област, вели дека Салтон Си бил здравствена катастрофа.

Според неговите процени, во случај на силен ветер милиони луѓе би можеле да бидат загрозени поради токсичната прашина.

Дури едно од пет деца родени во оваа област имаат здравствени проблеми, како што е астмата или некое белодробно заболување. Ова е значително повеќе од просекот во САД, каде што едно од 12 деца имаат некои здравствени проблеми поврзани со респираторните органи.

Scroll to Top