Фергусон не сакал да му ја даде капитенската лента на Роналдо, заради мир во тимот

Поранешниот фидбалер на Манчестер Јунајтед Гери Невил, се присетува на некои моменти од својата кариера, кога играше за тимот во кои играа едни од најдобрите фудбалери во светот.

Тој вели дека му било незгодно да биде капитен на Манчестер Јунајтед, кога во тимот покрај него играле уште и Роналдо, Руни, Тевез, Гигс, Сколс, Керик, Фердинанд, Видиќ.

„На подготовките на еден пријателски натпревар пред почетокот на сезоната, која требаше да биде четврта за мене како капитен, му пријдов на Фергусон и му реков дека ми е незгодно да бидам капитен покрај другите врвни ѕвезди во тимот. Едноставно не сум достоен да бидам капитен на вакви играчи. Мислам дека сите се за едно ниво подобри од мене“, изјавил Невил.

Тој вели дека Фергусон му дал едноставен одговор за да ја смири ситуацијата во соблекувалната.

„Синко, ќе ја задржиш проклетата лента. Дали ти е јасно? Ти и Гигс ќе се менувате. Затоа што ако ја дадам на Роналдо, Руни ќе збесне. Ако ја дадам на Видиќ, Фердинанд нема да биде среќен. Разбираш?“, му одговорил Фергусон на Гери Невил.

Така Невил вели дека лентата останала кај него заради мир во соблекувалната соба. Тој и Гигс се менувале на местото капитен. Како Невил се помалку и помалку играл пред крајот на кариерата, така Гигс се повеќе ја носел.

„Фудбалерите беа на првото место за Фергусон. Без разлика што знаел дека јас сметам дека не сум достоен да ја носам лентата, тој не сакаше да го менува капитенот, за да не се налутат дуригте во тимот“, вели Невил.

Невил бил капитен на Манчестер во освојувањето на две Премиерлигашки титули, Лига купот, и Лигата на шампионите во 2008 година против Челзи, иако во финалето во Москва, Невил не играше и капитенската лента ја носеше Рио Фердинанд.

Кога Невил во 2011 година се пензионираше, капитенската лента ја зема Немања Видиќ, затоа што Роналдо повеќе не беше во тимот. Вејн Руни стана капитен во 2014 година, кога Фергусон го напушти клубот, а на неговото место на клупата седна Дејвид Мојс.

Роналдо не успеа да стане капитен ниту подоцна кога направи трансфер во Реал Мадрид и Јувентус. Кога играше Роналдо во Реал Мадрид, таму капитен беше Серхио Рамос, а кога направи трансфер во Јувентус, во италијанскиот клуб лентата ја носеше Џорџо Ќелини.

 

Scroll to Top