Триесетгодишната Кели Хејли стана најмладата баба во Велика Британија, откако нејзината ќерка Скај Селтер, која сега има 17 години, пред три и пол години родила син. Мајката на Кели, која има 48 години, пак стана најмладата прабаба во земјата.
„Не можев да направам ништо освен на ќерка ми да ѝ понудам внимание, љубов и поддршка“, призна младата баба, која објасни дека малолетничките бремености и не се реткост во светот.
Таа има пет деца, но рече дека не очекувала дека ќе стане баба во доцните двадесети години од нејзиниот живот.
„Во тој момент немаше поента да ѝ држам предавања за контрацепција. Не можев да направам ништо освен да ја поддржам. Тоа е нешто на кое морате да бидете подготвени како родител“, рече Кели.
Во тој период Скај живеела со својот татко и неговата сопруга со која се советувала околу контрацептивните методи. Пред самиот преглед кај гинеколог, Скај направила тест за бременост и тој бил позитивен.
„Бев затечена, иако и претходно имав чувство како да сум бремена. Таткото на моето дете е исто така на мои години“, рече Скај и објасни дека нејзините циклуси не секогаш биле редовни, па не обрнувала внимание кога еден ќе изостанел.
Иако тестот покажал дека е бремена, дури на прегледот кај лекар било утврдено дека е во 36. недела во бременоста.
„Не можев да поверувам. Тоа буквално значеше дека за некој ден ќе станам мајка. Само неколку недели претходно одев на планинарење. Се разбира ваквото задоцнето откривање за бременоста значеше дека наскоро ќе родам бебе. Од тој момент знаев дека ќе морам да бидам на друго место, а моето бебе секогаш ќе ми биде на прво место“, рече Скај.
„Се чувствувам како да имам 20 години, така што не можам да се идентификувам во улогата на баба. На моите пријатели им е забавно што имам внук, а луѓето кои ќе нè сретнат мислат дека јас сум мајката“, рече Кели и додаде дека не е сигурна дека мајка ѝ е подготвена да стане прабаба на 48 години.
Сепак таа признава дека го обожава внукот и дека и неговите тетки и вујковци исто така го сакаат и сакаат да си играат со него.