(Фото) Марио Балотели ќе се жени по еден месец врска

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели, по еден месец врска, се свршил со својата девојка Алесија Месини. Тој веќе ја запознал и со своите родители.

„Верен сум и заљубен“, рекол 27-годишниот фудбалер за италијанските медиуми.

Иако се кратко заедно, тие постојано патуваат на различни дестинации, а последен пат биле видени на Сицилија.

Алесија е модел и често снима реклами, а неодамна учествуваше и во реалното шоу „Големиот брат“.

Scroll to Top