Свршеничкиот прстен со смарагд и дијаманти, што пилотот Хауард Хјуз ѝ го дал на холивудската sвезда Кетрин Хепберн во 1938 година, е продаден за 150.000 долари на аукција во Лос Анџелес. Ова е трипати поголема цена од очекуваната. Колекцијата со љубовните писма од Хепберн до Хјуз е продадена за 44.800 долари.
Аукциската куќа „Профили во историја“ соопшти дека и други лични предмети што му припаѓале на Хјуз биле купени по цени повисоки од проценките пред продажбата. Тука се и федора со трговска марка на претприемачот (51.200 долари) и двобојна јакна (89.600 долари) што ја носел додека пилотирал.
Хјуз и Хепберн никогаш не се венчале, но нивната 18-месечна врска од крајот на 1930-тите, го привлекуваше вниманието на јавноста. Нивната љубов е раскажана и во филмот „Авијатичарот“ од 2004 година со Леонардо ди Каприо.