Турчинката Румејса Гелги (24) е прогласена за највисоката жена на светот. Таа со своите 215,16 сантиметри влезе во Гинесовата книга на рекордите.
Гелги има редок синдром што го предизвикува нејзиниот раст. Таа рече дека сака да ги инспирира и другите луѓе во светот да се сакаат себе си, без разлика на нивниот изглед, пренесува „Индепендент“.
„Секој недостиг може да стане предност, затоа треба да се сакаме себе си и да ги препознаеме нашите потенцијали“, рече Гелги.
Таа еднаш го собори рекордот во 2014 година кога беше прогласена за највисока тинејџерка во светот и од тогаш ја користи својата популарност да се бори за луѓето што се поинкави од другите. Поради тешкотиите во движењето, Румејса често ја користи својата количка.
Највисокиот маж на светот, Султан Косен, исто така од Турција, го држи рекордот со своите 251 сантиметар од 2018 година. Претходно, највисока жена на светот беше Зенг Јунилан од Кина, која е висока 246,3 сантиметри. Таа го држеше рекордот сè до нејзината смрт во 1982 година.