Франција неодамна воведе субвенции со цел да го подобри квалитетот на воздухот и да ја намали загаденоста, која е голем проблем особено во поголемите градови. За таа цел владата на Франција на сопствениците на стари автомобили им нуди 2.500 евра во кеш ако ги заменат своите возила со електрични велосипеди. Со ова, Франција е првата земја во ЕУ која нуди можност за замена на старите автомобили за електрични велосипеди.
Слична мерка воведе и владата на Шпанија, која одвои 800 милиони евра за субвенционирање ако се купат електрични автомобили. Оваа сума ќе се користи за субвенционирање на потрошувачите до крајот на 2023 година. Според планот, секој жител на Шпанија што ќе купи електричен автомобил има можност да добие субвeнција до 7.000 евра, а оние кои ќе се одлучат да купат електрично комерцијално возило и до 9.000 евра. Програмата за субвенционирање во Шпанија почнува овој месец.