Фризер поради короната потстрижува бесплатно во Централ парк во Њујорк

Фризерот Херман Џејмс веќе една година бесплатно ги потстрижува луѓето во Централ парк во Њујорк. Откако многу салони затворија поради пандемијата, тој постави столче во близина на споменикот посветен на Џон Ленон, а покрај него има табла на која пишува дека фризурата е бесплатна.

Херман лани решил да им помогне на своите сограѓани и да ги потстрижува без пари, а вели, тоа го направил за да им го крене расположението во тешките времиња. Иако не наплаќа, Џејмс добива бакшиш, кој е меѓу 1 и 200 долари, иако повеќето му одставаат по 30 долари, колку што изнесува стандардната цена за потстрижување во Њујорк.

Чуварите на паркот му дозволиле да остане иако немал дозвола. Во најстрогиот карантин имал 20 до 25 фризури на ден, а денес има од 10 до 15, иако салоните се отворени. Џејмс сега вели дека нема намера да се врати во салонот во кој претходно работел, туку да остане во Центар парк додека му дозволуваат.

Scroll to Top