(Галерија) Јапонка прави цртани ликови од пржени јајца

Многу родители ширум светот вложуваат многу труд во текот на подготовката на здрави оброци кои на децата им изгледаат примамливо. Но, мајка од Јапонија, Етони Мама, е мајстор за обликување на храна која изгледа како ликови од цртаните филмови.

Иако се работи за различни состојки, Етони е особено талентирана во претворањето на пржени јајца во сите врсти на слатки ликови. Од Вини Пу до Пикачу, Етони може да го направи било кој лик на пржените јајца.

Жолчките ѝ служат како совршен дел од лицето или телото, додека останатите состојки внимателно распоредени претставуваат  коса и црти на лицето. Некои јадења содржат дури и парчиња шунка, сирење или зеленчук како би ја надополниле сликата. Без разлика на дизајнот, секој креативен оброк изгледа премногу симпатично и примамливо.

Погледнете некои од нејзините неверојатни оброци во продолжение:

 

Scroll to Top