(Галерија) Најдолгото затемнување на Месечината сликано од неколку светски метрополи

Затемнувањето на Месечината се случува кога Сонцето, Земјата и полната Месечина формираат совршена линија во вселената и кога Земјата минува меѓу Месечината и Сонцето, на тој начин нашата планета ја покрива Месечината, велат научниците.

Најдолгото делумно затемнување на Месечината во последните 580 години, се случи во четвртокот доцна вечерта и во петокот рано утрото. 97% од Месчеината беше покриена од сенката на Земјата.

Според податоците на НАСА, затемнувањето траело 3 часа и 28 минути, што претставува најдолгото делумно затемнување на Месечината во овој век и најдологото во последните 580 години.

Последното делумно затемнување на Месечината кое траело подолго, се случило на 18 февруари 1449 година, а следното вакво слично може да се очекува на 8 февруари 2669 година.

Месечината за време на затемнувањето се наоѓа на најодалечената точка од Земјата и постепено се лизга во Земјината сенка, се додека најголемиот дел од неговиот диск не се промени од сребрено-сива во темно портокалова или црвена боја, соопштија од Американското здружение на астрономи.

За разлика од затемнувањето на Сонцето, за набљудување на овој феномен, не се потребни посебни видови на очила. Треба само да се разбудите на време и да излезете надвор на студената ноќ добро облечени, велат од НАСА.

Scroll to Top