(Галерија) Руски милионер затвор во Англија направи да биде луксузен хотел

Рускиот милионер Тимур Горман го трансформира затворот во Корнвел, Англија, во луксузен хотел, пишува „Дејли мејл“. Хотелот „Бодмин џеил“ сега стана една од омилените дестинации за одмор на Британците.

Реновирањето на стариот напуштен затвор го чинело Горман речиси 75 милиони евра. Во хотелот има 70 соби, а секоја луксузна соба е направена од три споени келии. Заедничката просторија за туширање не постои, а во секоја соба има бања со када и плочки под кои е вграден систем за греење.

Холот и рецепцијата го зафаќаат првиот кат од хотелот. Просторот е едноставен, без многу детали и оддава впечаток на затворски простории за да се задржи дел од автентичноста на затворот. За да се стигне до ресторанот, гостинот треба да помине низ барот, каде што се служат локални вина и домашно виски.

Во секоја соба има барем по една фотографија од времето кога затворот бил полн со криминалци и убијци што ги издржувале своите казни.

„Пред да заспијам имав чувство дека духот на некој од затворениците е присутен во собата“, стои во коментарите што ги оставаат гостите во хотелската книга.

Scroll to Top