(Галерија) Со стариот воз на Тито низ Скопје

Вториот ден од Моден викенд, започна со авангарден перформанс на старата железничката станица, од Теодора Митровска, која со стариот воз на Јосип Броз Тито, ги одведе гостите на чудесно патување низ времето на стара Југославија.

Програмскиот дел продолжи во Музејот на град Скопје, со ревија на бугарскиот современ и алтернативен бренд „Jar & Jam“, чии лимитирани парчиња облека во нијанси на бонбони, наменети се за сладокусците со младешки и игрив дух, особено во зимските месеци.

Прво преставување имаше Мила Спасовска под етикетата Yamuna, дебитирајќи со самостојната колекција „Текстура на умот“.

На модната писта настапи и Зана Алиу, на која визијата оваа сезона ѝ е да покаже зошто црната боја е совршена хармонија на елегантното.

Финишот на саботниот ден беше резервиран за проекotт „Нитка“, чиишто учесници, млади таленти  се претставија  со заеднички перформанс, во рамките на Моден Викенд Скопје.

Scroll to Top