(Галерија) Стилови за сите жени инспирирани од светските модни дизајнери

Стиловите инспирирани од познатите модни куќи може да ги носат и обичните жени, а не само светските џет-сетерки. Правилно искомбинирани, тие можат да се носат и преку ден, ама и за вечерни излегувања. Погледнете ги предлозите на „Репортер“.

Морнарски стил

Овој стил го карактеризира безвременската комбинација на бои – црвена, бела и морнарско сина. Оваа комбинација е толку универзална што со години не излегува од мода. Се чини дека се во прашање контрастни бои, но ништо не е погрешно – тие совршено се надополонуваат и создаваат совршена комбинација. Морнарскиот стил исто така се карактеризира со мотиви поврзани со морето, на пример сидро или линии.

Жолта во секој облик

Жолтата боја е нераздвоен елемент од секој модерен стил. Позитивна е и ни дава енергија во текот на целиот ден. Во оваа боја ви препорачуваме пред сѐ фустани кои се совршени за крајот на летото. Меѓутоа, на есен можете да ги замените со интезивно жолта сенф боја, која во комбинација со зелената или бојата на карамела, ќе изгледа исклучително елегантно.

Сина и сите нејзини нијанси

Роматичната пастелно сина боја ќе се вклопи со секојдневни парчиња, а можете да изберете и посмела опција за посебни прилики. Сината боја понекогаш е тешко да се стилизира, но оваа боја има „детски шарм и класа“ што понекогаш вреди да облечете син фустан за некоја важна прилика.

Бледо розова

Идеалната опција за дами кои сакаат смирени тонови е комбинација на бледо розова боја со морнарско сина. Пастелната розова боја ќе биде совршена за секоја улога. Темно сините пантолони со вертикални пруги ќе ја смалат визуелно вашата фигура и ќе ви дадат точна пропорција, а блузата со точки во розова боја ќе го разубави стајлингот. Одлична опција е за на работа или за состаноци со пријателите.

Сите нијанси на зелена

Оваа боја е во мода неколку сезони. Му дава на вашиот стил елегантен изглед. Дамите кои носат величини поголеми од 38, често се плашат да експериментираат со боите, па затоа попрво би се скриле под „посигурни опции“, како што се сивата или кафена боја, иако ова е сосема непотребно. Боите се за секого, а модата е забавна, затоа не се ограничувајте.

Scroll to Top