Оние што го празнуваат Велигден, веќе сигурно размислуваат за тоа како годинава да им изгледа празничната трпеза и како да ги бојадисаат јајцата, а да бидат необични и впечатливи.
На пример, јајцата можете да ги декорирате со шишарки. Потребни ви се стари шишарки и лепило.
Можете да направите и морков-јајца, со тоа што ќе ги бојадисате во портокалова боја, а горе ќе залепите зеленило или ленти зелен колаж.
Уште една идеја е да залепите пердуви и да ги распределите на начин на кој вам ви се допаѓа.
Децата можете да ги израдувате со јајца што личат на сладолед во корнет за што ви се потребни само боја и четка.
Или, пак, да направите јајца во вид на лубеници.
Секако, ако ве бидува за цртање, тогаш идеите за да им дадете лик се безбројни.