„Њујорк тајмс“ ја вброи Галичката свадба меѓу најдобрите европски фестивали што вреди да се посетат. На листата на реноминраниот весник се наоѓаат фестивали од Шведска, Шпанија, Германија, Шкотска, Чешка, Италија, Македонија и два фестивала во Франција.
Галичката свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност, стои во текстот.
Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од Галично семејство.
Годинава се очекува Галичката свадба да се одржи од 13 до 15 јули.