Германската ветеринарна клиника во Хановер обучи кучиња за да го откријат коронавирусот во човечката плунка. Нивната успешност е многу висока и изнесува 94 отсто од случаите.
Германските медиуми пренесоа дека била спроведена студија, при што кучињата душкале примероци од пациенти позитивни на коронавирусот и заклучиле дека може да разликуваат заразени од здрави луѓе, како и асимптоматски и лица со симптоми.
Штефан Вајл, премиер на Долна Саксонија, изјави: „Импресиран сум од студијата“ и повика на изводливост на овие проверки во секојдневниот живот.