Хакери го нападнале онлајн образовниот систем во Хрватска CARNET, објавија денеска тамошните медиуми. Од денес Хрватска организира онлајн настава поради ситауцијата со коронавирусот. Од CARNET објавија дека системот бил нападнат од хакери и дека учениците не можат да влезат во него. Случајот бил пријавен до надлежните.
CARNET на „Фејсбук“ објави дека е под хакерски напад и дека во овој момент наставата преку системот AAI@EduHr не е возможно да се користи.
„Не е добро што постојат неодговорни поединци, конкретно, поединци кои буквално со девијантно и идотско однесување прават проблеми. Во тек е кибернетички напад на Srce и CARNET. Пријавивме во полиција и случајот се решава. На системот кој веќе е паднат, му е намален капацитетот. Луѓето се подготвуваа деноночно на ова, не ги гледаа своите деца, а тогаш се појавуваат вакви работи“, изјавила министерката за образование Блаженка Дивјак.
За потсетување, со оглед на ширењето на епидемијата коронавирус, SARS-Covid-2 школите во Хрватска се затворени на две недели, а Министерството за наука и образование организира настава преку виртуелни училници, односно телевизиски канали. Уште во првиот ден системот се најде под кибернетички напад.