ОВЕН
Денес е позитивен ден за вас. Месечината е на ваша страна, ќе бидете во добро расположение и полни со енергија. Ќе правите планови за иднина. Ќе почнете да верувате во нешто за кое сте сметале дека не било вистина. Февруари ви носи нова љубов.
БИК
Можно е да ве вознемират некои зборови упатени од некоја блиска личност. Премногу сте осетливи на туѓото мислење, не морате сѐ да земате толку при срце. Успешно ќе завршите некоја работа која се одложува. Гледајте напред.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се чувствувате изморено и исцрпено. Преку целата недела сте работеле напорно, а тоа ја одзема целата ваша енергија. Време е да се посветите на себеси и да ги наполните своите батерии. Избегнувајте конфликт со семејството.
РАК
На повидок е разделба со партнерот, не успевате да ги надминете разликите и тоа ве мачи. Ќе морате да зборувате отворено и на смирен начин да ја решите ситуацијата. Очекувајте понуда за нова работа. Февруари ви носи чувства кон нова личност.
ЛАВ
Денес ќе ви биде здодевно. Чувствителни сте и емоциите владеат со вас, па можно е лесно да направите некоја грешка. Сакате премногу нешта одеднаш и тоа ве спречува да бидете спокојни. Подобро е да бидете во мало опкружување затоа што преголемата бучава ќе ви пречи.
ДЕВИЦА
Можно е да се чувствувате збунето, ќе мислите дека ништо не ви поаѓа од рака и постојано се вртите во круг. Не грижете се, со почетокот на викендот сето тоа ќе помине. Ќе се чувствувате смирено. Доколку сте имале расправија со партнерот, време е да направите нешто за да надоместите. Ако сте сами, внимавајте кога влетувате во нова врска, другата страна нема исти намери како вас.
ВАГА
Денес ќе биде интересен ден за вас. Ќе бидете креативни и расположени да направите некоја промена во ентериерот на домот или работното место. Ќе чувствувате страст и ќе сакате смирена атмосфера. Ќе почнете да работите на некој нов проект.
СКОРПИЈА
Внимавајте на вашите зборови, во текот на наредните неколку дена можно е да кажувате нешта што ќе ги повредат другите. Ако не сте сигурни што да кажете, подобро премолчете. Исто така, можно е да имате некој погрешен заклучок во врска со некоја блиска личност.
СТРЕЛЕЦ
Денес ќе добиете добри вести. Оние што работат во секторот на финансиите ќе напредуваат. Доколку сте имале проблем со детето, конечно ќе биде разрешен. Финансиската состојба е солидна.
ЈАРЕЦ
Можно е да одите на кратко патување во врска со вашиот бизнис. Ќе добиете поддршка од некој член од семејството. На работното место може да почувствувате стрес. Избегнувајте да давате заем и немојте да влегувате во конфликт со пријателите.
ВОДОЛИЈА
Денес среќата е на ваша страна кога се во прашање финансиите, ви претстои пријатно изненадување, кое ќе ве расположи. Морате да му верувате на вашиот партнер повеќе, ќе откриете некоја информација што ќе ви користи.
РИБИ
Морате да научите дека не можете да имате контрола врз сѐ околу вас. Да се биде одговорен е добро, но не можете да преземете одговорност за сешто. Внимавајте некоја одлука да не го комплицира вашиот живот.