Хороскоп за 29 март: разочарување за Бикот, Девицата е во фаза на заљубување

Овен
Бурните емоции ги насочувате кон пријателите и тоа поради несложување. Не умеете мирно да реагирате, туку им ја фрлате вистината в лице и ги шокирате. Тоа многу често ви се случува, а не сте свесни кога им е непријатно на другите. Денеска е можно да се вљубите како никогаш.

Бик
Бидејќи вашите постапки извираат од страста, можни се разочарувања. Размислувате конструктивно, а не емотивно. Врската во која се наоѓате се заснова на физичка привлечност или барем фантазирате за тоа. Не живејте во минатото, свртете се спрема иднината.

Близнаци
Истрајни сте во решавање на деловните стапици, јасно ги согледувате. Скромно ги признавате резултатите, давајќи до знаење дека и другите ви помагале, тоа е невообичаено за вас. Дружењето со Близнаци и со Девици е вистински мевлем за душата.

Рак
Оптимисти сте во врска со идните случувања, тие се одлична компензација за чувството на помала вредност. На крајот, ќе имате корист од се. Подложни сте на влијанија од средината, повеќе отколку што е препорачливо. Со Близнаците одлично соработувате, што не е често.

Лав
Напорна работа во која доаѓате до израз. Сите замки успешно ги решавате. Се занимавате со истражувачка работа и детали, кои бараат темелност, за што вие сте вистински мајстор. Се снаоѓате и околу семејните прашања, не сакате никого да повредите со сопствените чувства.

Девица
Во фаза сте на вљубување и потреба за уметничко истражување. Искористете ја поддршката на планетите, тргнете во освојување. Ја остварувате целта и доживувате незаборавни моменти. Кога ќе размислите подобро, нив ги имате премногу. Помалку среќните од вас ќе се соочат со неверство.

Терезија
За доброто расположение причина е вљубеноста, популарноста и многу надворешни аспекти на среќа. Уживајќи во случувањата, како што се веридба, свадба или поднова, донесувате важни одлуки. Со партнерот сте во одлични односи, така што ништо друго не ви е важно.

Скорпија
Го менувате предметот на интерес, преокупирани сте со нови интересни содржини. Се обидувате нешто да научите и тоа да го примените практично, се со цел подобро да функционирате. Постојано се трудите да ги подобрите животните услови.

Стрелец
Разумот конечно победи. Се друго е во втор план. Сите одлуки ги донесувате со глава. Бидејќи потребата за ред е изразена, се трудите се околу себе да подредите во одлична хармонија. Работите бараат методичност и трпение. Тие што се обезбедени на емотивен план немаат проблеми.

Јарец
Мислите дека никој не ве разбира. Тоа не би било толку голем проблем да не се разочаравте и од партнерот. Пред вас е многу работа, а малку помош од партнерот. Припадник сте на практичен земјен знак, па мрзливоста ве нервира. Ако се здруживте со некој воден знак, ќе имате подобра среќа.

Водолија
Не сакате партнерот да ве задушува, па ќе реагирате на најмалиот обид да го стори тоа. Преокупирани сте со пари, така што денешните емоции се насочени кон парите повеќе отколку кон саканото лице. Парите можат да ви побегнат, а луѓето не. Ќе поминете прекрасни моменти со Лавовите.

Риби
Побарајте ја главната причина за сите свои постапки во потсвеста. Морате да посветите повеќе внимание на менталното здравје и да почнете да размислувате за себе. Работите бараат многу труд, а знаете вистински да вложите напор во нештата. Имате многу енергија.

Scroll to Top