Хороскоп за 29 септември: Бикот е во заблуда, Лавот да му се посвети на партнерот

Овен
Беспотребно се чувствувате осамено, затоа направете нешто разумно. Работете повеќе, занимавајте се со спорт и дружете се. Не трудете се вината да ја префрлите на други, бидејќи така повеќе ќе ги искомплицирате работите.

Бик
Денес целосно сте во заблуда. Практични сте, а тоа некому пречи. За да успеете да се ослободите од негативната енергија, занимавајте се со некое хоби или гледајте филм.

Близнаци
Нека не ве изненадуваат неочекуваните промени. Сѐ ви оди во нагорна линија, па дури и плановите за патување. Денес не избегнувајте склучување договори.

Рак
Конечно се смиривте, затоа соберете сила и продолжете со обврските. Ве очекува интересна средба која ќе ве извлече од осаменоста. Бидете внимателни со исхраната.

Лав
Блескате во сите сфери на животот. Плановите ви се остваруваат и можете да се олабавите. Крајно време е на партнерот да му посветите поголемо внимание. Ве очекуваат незаборавни моменти.

Девица
Цела ситуација се одвива во ваша корист. Потрудете се да излезете од напнатоста и приспособете се на случувањата. Во љубовта сѐ е сјајно, па размислувате за брак.

Терезија
Моментална се чувствувате лошо. Доколку продолжите да се нервирате со ова темпо, постои голема можност да се разболите. Контролирајте се и најдете радост во ситниците.

Скорпија
Доколку се олабавите, само ќе ги искомплицирате работите. Проблемите доживуваат кулминација, што е позитивно. Тврдоглави сте, а тоа ви носи само внатрешен немир.

Стрелец
Размислувате на конструктивен начин. Знаете што сакате и функционирате во вистинска насока. Доколку другите не се вклопат во вашите правила, нема да бидете толерантни.

Јарец
Бидејќи сте под голем стрес, можно е незадоволство придружено со несигурност. Потребен ви е совет од некој близок. Во конфликт сте со партнерот, а тоа ви прави дополнителни нервози.

Водолија
Ова е ризичен ден, но успешно ќе го пребродите. Имате сериозни проблеми кои наскоро ќе се решат. Осаменоста е вистински лек за сѐ. Очигледно никогаш не сте размислувале за здравјето. Намалете ги цигарите.

Риби
Се занимавате со убави работи и постигнувате добри резултати. Се се врти околу вашите духовни и уметнички вредности, искористете ги. Потрудете се да конкретизирате некоја креативна идеја.

Scroll to Top