Хороскоп за 5 април: Деловни промени за овенот, љубов за близнаците

ОВЕН
Правите правилен пресврт во професијата. Благодарение на искуството и познанствата, успехот е неизбежен. Бидејќи се наоѓате во состојба на пречувствителност и зголемена интуиција, искористете го тоа на вистинскиот начин. Внимавајте што потпишувате.

БИК
Со партнерот сте во хармонија, со родителите и пријателите исто така. Емотивноста е изразена. Нагласена е приврзаноста кон домот и семејството. Потребата за некого да се грижите исто така е нагласена. Кон партнерот се однесувате родителски, што нормално го нервира.

БЛИЗНАЦИ
Зрачите со љубов, среќа и хармонија. Се чувствувате сакано, а за тоа треба да му се заблагодарите на партнерот, кој ве опсипува со нежност. Причината за доброто расположение не е само љубовта, туку и почеток на нешто од што порано се плашевте.

РАК
Од каде толку голема љубов кон работата? Сѐ е во знакот на работата и правењето планови поврзани за тој сегмент на животот. Веројатно е тоа областа од животот што ја држите под контрола. Кога се работи за нешто друго, помалку сте успешни, а повеќе несигурни.

ЛАВ
Доколку копнеете кон необични нешта, ќе ги добиете. Ви годи дружење со уметници и боемска атмосфера. Ситуацијата се кристализира. Знаете на што сте. Решавате сѐ што е проблем, и тоа многу лесно. Соберете сила за новиот бран случувања. Флерт со Стрелец лесно може да порасне во сериозна врска.

ДЕВИЦА
Се фаќате во костец со големите предизвици и потфати. Успешно ги решавате, па нема причина за нервоза. Благодарение на претприемачкиот дух, надевајте се на најдоброто. Пожелно е да се биде рационален во однос на прашањето на физичкото преоптварување.

ВАГА
Ќе бидете во ситуација некому да му направите услуга, што повеќекратно ќе ви се исплати. Иако не поаѓате со пресметки, доброто со добро се враќа. Интуицијата е засилена, уживањето во музиката изразено. Во добро расположение сте и во склад со самите себе.

СКОРПИЈА
Имавте прилично бурни моменти или барем така ги доживеавте. Нервозите се за вас. Сега сте во фаза на краток одмор и регенерација. Обидете се да ги нормализирате односите не само со партнерот туку и со поблиската околина.

СТРЕЛЕЦ
Љубов и пријатни изненадувања ги прават интересни наредните моменти. Една личност постојано ве напаѓа. Никој не се сомнева дека ќе го прифатите предизвикот и ќе тргнете во љубовно освојување. Уште ако се работи за бик, пријатните изненадувања се на претек.

ЈАРЕЦ
Подобро е вие да правите услуга и да им помагате на другите отколку да биде обратно. Денес сте во таква ситуација. Нека не ве изненадат зголемената интуиција и интерес за окултни теми. Иако меѓу вас има и бизнисмени, тие се многу ретки. Како и да е, овој пат навистина ги сакате парите.

ВОДОЛИЈА
Во прв план ви е заработувачката. Вложувањето во разни берзански трансакции повеќекратно ќе ви се исплати. Полни сте со сила, па се занимавате со физички активности. Бидете внимателни. Морате да вложите максимум.

РИБИ
Имате чувство како камен да ви паднал од срцето бидејќи повеќе не зависите од љубовните импулси, па можете нормално да дишете. Соберете сила за новиот налет на емоции, кој ќе биде многу поинтензивен од претходниот. Личност во знакот на водолија само ќе се обиде да ве испровоцира.

Scroll to Top