ОВЕН
Многубројните активности ви годат. Се борите со стапици од деловна природа, но во исто време се посветувате и на саканата личност. Повеќето овни се по којзнае којпат заљубени, но на погрешен начин ги покажуваат чувствата. Исправете се.
БИК
Контактирате со странство, се надевате на нешто. Доколку се оствари и половина од тоа, можете да бидете задоволни. Кон сè се однесувате еднострано, гледајќи се исклучиво себеси и сопствените интереси. Поради тоа може да дојдете во конфликт со блиската околина.
БЛИЗНАЦИ
Се надевавте на нешто, верувавте слепо во некого. Бидејќи вашите чувства донекаде ве изневерија, на повидок е нервна криза. Ништо ново, и така сте навикнати на разочарувања. Утехата ја барате во фантазирање за љубовта и промена на работата.
РАК
Поседувате емотивна сила за да ја надминете кризата. Не сте свесни дека семејството ви ја дава и својата поддршка. Тоа ви наметнува дополнителни обврски кои во моментот ве оддалечуваат од сопствените проблеми. Очекувате потврда за вашата заложба.
ЛАВ
Поседувате исклучителна креативна дарба, па доколку се сконцентрирате на овој ваш потенцијал, сè ќе биде во ред. Решавањето на емотивната збрка во која се наоѓате нема да ви појде од рака денеска. Работите ќе се искомплицираат дополнително.
ДЕВИЦА
На уметнички настроените девици ќе им биде полесно зашто утехата за незадоволството ќе ја најдат во имагинацијата. Сакате да го расчистите недоразбирањето со партнерот. Бидејќи го правите тоа во погрешно време и на погрешно место, ќе мора уште малку да го трпите неговиот бојкот.
ВАГА
Очекувате многу од претстојните настани. Глуви сте за потребите на околината, а се чувствувате како нејзина жртва, така што се можни и недоразбирања. Ви недостига цврстина да реагирате во вистинскиот момент. Отпорноста на организмот ви е намалена.
СКОРПИЈА
Емотивното незадоволство кое ве следи во последниве денови е навидум без причина, но кога ќе размислите подобро – причината постои и лежи во едно ваше прекинато пријателство. Се обидувате да мислите на други работи, постојано сте во движење, но најтешко е кога ќе се осамите дома и ќе почнете да размислувате. Не грижете се, ќе ви помине.
СТРЕЛЕЦ
Се чувствувате подобро. Закрепнувате од стресовите. Не дозволувајте другите да ви го расипат расположението. Семејството ќе се обиде да ви го наруши мирот, но околу се свртите кон музиката и својата омилена книга, сигурно нема да им успее.
ЈАРЕЦ
Влеговте во поволен период за трговија со недвижности. Доколку сте размислувале за тоа, сега е вистински час да се активирате. Лесно се нервирате и го истурате бесот врз околината. Мора да ја коригирате оваа особина. Свртете се кон семејството.
ВОДОЛИЈА
Доколку не сте во брак, можни се необични љубовни искуства. Ако, пак, сте во брачна заедница, тогаш имате многу причини за незадоволство. Слободните водолии се среќни зашто ги остваруваат желбите во љубовта и искусуваат нови искуства. Поведете сметка за да не се каете подоцна.
РИБИ
Лесно се заведувате, иако самите себеси си дадовте збор дека нема да преминете преку одредени работи. Никогаш не велете никогаш. На пријателите ќе им ги простите грешките, ќе заборавите и на пропустите на партнерот, со желба да бидете прифатени во друштвото.