Хороскоп за 8 октомври: Опуштена атмосфера за стрелците, напнато за овните

Овен

Денешниот ден може да ви биде малку потежок кога станува збор за работата, па поведете сметка да не правите грешки. Ве очекува помал конфликт со саканата личност. Доколку покажете доволно разбирање сѐ ќе решите. Проблеми со видот.

Бик

Имате впечаток дека некои работи се одвиваат побавно од што би требало и чувствувате потреба да ги забрзате. Не форсирајте ништо. Сигурни сте во своите емоции кон саканата личност и и давате доволно време и таа да разбере што сака. Се чувствувате одлично.

Близнаци

Нема да имате проблеми на деловно поле. Може да се надевате на одлични денови во кои сите околности ќе ви одат во прилог. Добро се чувствувате додека флертувате со личноста која ви се допаѓа и нестрпливо го чекате нејзиниот повик. Може да се опуштите.

Рак

Посветени сте на својата работа и сакате да видите конкретни резултати поради својот труд што поскоро. Можна е страствена средба со личност со која веќе сте имале некој вид врска. Може да очекувате интересни случки. Водете сметка за хроничните болести.

Лав

Ќе посакате да направите деловни промени бидејќи не се гледате себеси веќе на истото работно место. Ве очекува убави нешта со саканата личност која ви е максимално посветена. Уживајте во љубовта и нежностите. Водете сметка за хормоните.

Девица

Откако се ослободивте од проблемите кои ги имавте во минатото, сега слободно сосема растеретени можете да одите напред. Можеби ќе запознаете една мошне интересна личност во текот на денешниот ден. По некое време ве очекува и врска со неа. Немате никакви проблеми.

Вага

Пред вас е шанса да остварите успех на деловно поле. Може да очекувате можност да се докажете. Постигнавте голем успех бидејќи ги решивте сите недоразбирања и сега уживате во топлината на вашиот заеднички дом. Спортувајте.

Скорпија

Може да очекувате стабилизација на деловно поле. Нема да имате какви било грижи и проблеми. Доколку сте во брак, пред вас е поволен ден за разговор за проширување на семејството. Слободните скорпии имаат можност за нова врска. Водете сметка за стомакот.

Стрелец

Имате пред себе многу слободно време, не сте воопшто оптоварени со работата, а вам ви одговара таква атмосфера. Може да се надевате на средба со личност за која долго сте размислувале. Ќе успеете да го освоите нејзиното срце. Без проблеми со здравјето.

Јарец

Може да очекувате одличен ден ако се занимавате со каква било услужна дејност. Одлично се чувствувате кога сте покрај својот партнер кој како да ви пружа позитивна енергија во неограничени количини. Избегнувајте какви било пороци.

Водолија

Многу сте способни, па до израз ќе дојде вашата снаодливост. Ќе се изборите со потешкотиите. Нема да имате драстични промени кога станува збор за љубовта, сѐ останува по старо. Кожата ви е многу осетлива.

Риби

Многу сте директни и отворени во комуникацијата со луѓето од деловното опкружување. Неопходно е да го согледате вашето однесување кон партнерот пред да почнете да го осудувате за некои работи. Потребна ви е масажа.

Scroll to Top