Први јануари не е само почеток на 2020 година, туку и почеток на новата деценија, а некои оваа деценија ќе ја започнат со венчавка. Ако сте во врска, 2020 година ќе биде навистина добра година за брак. Според астролозите, ова се 4-те среќни знаци на Зодијакот кои веројатно ќе стапат во брак во наредната година.
Бик
Во 2020 година, непредвидливиот Уран ќе влезе во знакот на Бик, што може да донесе нагли промени и изненадувања во вашиот живот. Оваа година ќе се соочите со големи животни промени, а една од нив е брак. Исто така, лицата родени во знакот на Бик може да запознаат некој кон почетокот на годината, а потоа тоа да го претворат во нешто сериозно во рок од само 6 месеци.
Девица
Во текот на 2020 година, Девиците повторно ќе се активираат поради својата практична и стабилна природа. Енергијата која ја поседуваат може да ја зајакне врската, особено оние кои својата врска ја градат полека. Сатурн на Девицата ќе ѝ донесе фузија и посветеност, а Плутон – страст и длабока трансформација. Кога сето тоа ќе се собере, Девиците можат да очекуваат голема поддршка за зајакнување на нов или веќе постоечки однос.
Шкорпија
Во новата година, Шкорпиите ќе пројдат низ потполна трансформација на својот идентитет. Ако долго време сте сингл и се откажавте од пронаоѓање на вистинскиот партнер за вас, 2020 година може да ве изненади. Оваа година ќе ви донесе нови и возбудливи личности кои ќе го променат вашиот поглед кон љубовта. Луѓето родени во овој хороскопски знак ќе имаат шанса да остварат врска со личност која ја познаваат многу добро или ќе побараат нешто повозбудливо во целосно друга и непозната личност.
Риби
Оваа година ќе ви биде незаборавна и веројатно ќе се венчате со поддршка од Сатурн и Плутон. Во 2020 година, вашите шанси за венчавка ќе се зголемат бидејќи желбата за брачен партнер ќе биде многу силна. Но, одвојте малку време и обрнете внимание на односот за да бидете сигурни дека ќе градите здрав одност бидејќи меѓузависноста со партнерот може да биде проблем за вас во иднина.