Астролозите тврдат дека некои луѓе не може да најдат љубов поради хороскопскиот знак во кој се родени. Според нив, постојат четири знаци кои како да немаат среќа во љубовта: Рак, Риби, Јарец и Девица.
Рак
Иако ги бие глас дека се највнимателните партнери во зодијакот, Раковите немаат среќа во љубовта, и тоа најмногу поради нивна вина. Кога ќе се вљубат, подготвени се на таа личност сè да ѝ овозможат, па поради наивноста, често остануваат повредени и со скршено срце.
Девица
Еднаш откако ќе се изгорат, Девиците стануваат многу внимателни и не се брзаат да влезат во нова врска додека не се целосно сигурни дека нема да им биде скршено срцето. Но,токму поради целата таа внимателност, Девиците се во состојба да ја испуштат љубовта на нивниот живот.
Јарец
За разлика од споменатите хороскопски знаци, кои самите себеси се кочат во пронаоѓањето на љубовта, Јарците обично имаат проблем со лош тајминг и често ја запознаваат вистинската личност во погрешно време или обратно.
Риби
Наивните Риби имаат премногу доверба во луѓето поради што често завршуваат во врска со погрешни луѓе, кои воопшто не им одговараат. Тоа обично резултира со скршено срце, но карактеристично за нив е што не учат од сопствените грешки, па често повторно градат врска со погрешен човек.