Рекорден број разводи и историски најмал број на склучени бракови во пандемиската 2020 година во Македонија.
Според податоците на МИА, во годината што помина во карантини, рестрикции и стравови, дури 2.284 пара се развеле, што е најголем број на разводи во последните 10 години. Тоа е за речиси 300 разводи повеќе од лани и за околу една третина повеќе од десетгодишниот просек.
Бројот на склучени бракови лани се спуштил на само 9.200, што е за 4.617 помалку, или со пад од 33,3 проценти за разлика од 2019 година и историски најниската бројка во историјата на Македонија.
Наместо зурли и тапани, свадбените прослави се приспособија на новонастанатата ситуација. За голем дел од младите пресуден факт беше тоа што беа оневозможени венчавката да ја прослават на начин каков што сакаат. Ваквиот тренд негативно се одрази на природниот прираст на населението, кој и онака веќе беше во негатива.