Хит-серијата „Игра на тронови“ доби 22 номинации за најпрестижната телевизиска награда „Еми“. Седмата сезона на серијата е номинирана во категориите за најдобра драма, а за најдобри глумци се номинирани Питер Динклиџ, Лина Хедли, Диана Риг и Николај Костер-Валдау.
По 21 номинација имаат „Вестворлд“ и комичното шоу Saturday Night Live. „Приказната на робинката“ освои 20 номинации за втората сезона од серијата.
Покрај „Игра на тронови“, „Приказната на робинката“ и „Вестворлд“, за најдобра серија во категоријата драма се номинирани и „Американците“, „Круната“, „Чудни нешта“ и „Ова сме ние“.
Доделувањето на наградите Еми е на 17 септември.