„Инстаграм“ ги избриша профилите на стотина порно ѕвезди и сексуални работнички. Некои од нив реагираа дека за нив важеле поинакви правила за разлика од останатите познати личности.
„Ако направат „Инстаграм“ профил по угледот на Шерон Стоун или кој било друг верификуван профил, во реалноста тоа би значело дека ќе бидам избришана“, вели Алан Еванс, претседателката на Асоцијацијата на глумци во индустријата за возрасни. Таа е и еден од водечките во битката која порно ѕвездите ја водат, за да останат на „Инстаграм“.
Нејзината група составила список од повеќе од 1300 лица кои тврдат дека модераторите на „Инстаграм“ ги тргнале од оваа мрежа поради кршење на правилата и покрај тоа што не биле објавени голи фотографии и видеа со секс.
„Тие не дискриминираат затоа што не им се допаѓа како заработуваме за живот“, вели Еванс.
Во јуни некои од порно ѕвездите имаа состанок со претставници на „Инстаграм“, по што бил воспоставен нов систем на жалби, за оние чии налози се отстранети. Во летото овие разговори престана и од „Инстаграм“ продолжија со бришење на профилите на ѕвездите од филмовите за возрасни.
Најголема прашина се крена во јавноста по отстранувањето на профилот на порно ѕвездата Џесика Џејмс, по нејзината смрт во септември.
„Кога видов дека профилот на Џесика е избришан, срцето ми се скрши. Тоа беше капката која ја прели чашата“, изјавила Еванс.
По реакцијата нејзиниот профил повторно беше вратен на мрежата, а него го следат повеќе од 900.000 луѓе.