Сите парови кои ќе се венчаат во популарната област Лацио, која се наоѓа во гавниот град Рим, ќе добијат 2.000 евра помош од Италија. Според локалните италијански медуми, само 9.000 парови се венчале во овој регион од почетокот на пандемијата, за разлика од 2019 година кога 15.000 парови направиле свадба.
Програмата наречена „Лацио со љубов“, која е финансирана со 10 милиони евра, е наменета за италијански и странски парови, кои ќе имаат можност да добијат повратни парични средства до 2000 евра кои ги потрошоле на услуги или производи од локални угостители, цвеќарници, организатори на свадби и други компании.
„Да го рестартираме секторот кој долго време беше во мирување. Целиот синџир на венчавки претрпе економски во последните две години“, вели Валентина Корадо, советник за туризам во Лацио.
View this post on Instagram
Грант средства ќе добијат свадби и граѓански партнерства од 1 јануари до 31 декември 2022 година. А покрај тоа, фондот може да ги покрие трошоците за меден месец, услуги за фотографирање и свадбена забава.
„Шемата е потребна за да се поддржи секторот кој тешко претрпе поради економската криза. Направивме значителни инвестиции со туристичкиот сектор и со свесност и гордост дека можеме да се пофалиме со секој дел од нашиот регион, со многу локации меѓу најмагичното и најфасцинантното на светот, без конкуренција“, изјави Никола Зингарети, претседател на Лацио.