Ивица Бек, некогаш најплатениот светски фудбалер, умрел во најголема беда

Иван Ивица Бек бил најдобриот стрелец на репрезентацијата на кралска Југославија на Светското првенство во Уругвај во 1930 година, на кое со националниот тим го остварил најголемиот успех во историјата, третото место.

Човекот кој стана познат во широката јавност преку делото на Драган Бјелогрлиќ „Монтевидео, Бог те видео“, бил најплатениот играч во своето време, а умрел во најголема беда. По избивањето на Втората светска војна, како офицер во францускиот Движечки отпор, остана запаметен по херојската акција.

По него снимен е култниот холивудски мегахит „Во орловото гнездо“, во кое главните улоги ги имаа Ричард Бартон и Клинт Иствуд. Семејството на Иван Бек за време на Австроунгарија живеело во Вршац. Дедо му Лудвиг бил по потекло судетски Германец. Постариот син на Лудвиг, Вил, се оженил со девојка од Чешка, Марта.

Како експерт за огнено оружје, тој животот го минал во Крагуевац, а потоа се преселил во Белград. На Чубура, каде се преселил на 29 октомври 1909 година, го добил синот Иван, кого неговата мајка Марта го прекрстила во Ивица.

Иако е со германско-чешко потекло, во семејството Бек исклучиво се говорело на српски јазик, а била развиена и голема љубов кон татковината Србија. Татко му Вил трагично загинал за време на војната на Кајмакчалан, како надзорник-поручник на топовската батерија во војската на Кралска Србија.

Иван во 1925 година, на 16 години, станал член на првиот тим на „БСК“, еден од најдобрите клубови во тогашната земја. За „сините“ одиграл 50 натпревари и постигнал 51 гол. Но, не му било дозволено да оствари значителна фудбалска кариера во земјата. Поради невозвратена љубов од една девојка, во 1928 година ќе замине за Франција.

Таму го покажува својот фудбалски талент. Во неговиот прв клуб во 1930 година го освоил Купот на Франција, постигнувајќи два гола во финалето. Со истиот клуб, четири години подоцна, станал шампион и уште еднаш го освоил францускиот куп.

Ивица Бек за репрезентацијата на кралска Југославија одиграл седум натпревари и постигнал пет голови. Тој оставил длабока трага и останал запишан како најдобар стрелец на репрезентацијата на првото Светско првенсто со три постигнати погодоци. Неговата фудбалска кариера, како и на многу други, ќе биде прекината со почетокот на Втората светска војна. Авантурист по природа, Иван веднаш се приклучул во францускиот Движечки отпор.

Поточно бил еден од организаторите. Станал комантант на еден одред и се истакнал во голем број акции. Неговото херојство влегува во легендите кога на 21 јули 1944 година ќе освои тврдина на француските Алпи. Германците успеале местото за време на војната да го претворат во затвор, а Бек и неговите соборци успеале да го освојат и да ослободат голем број заробеници.

Многу години подоцна, во 1968 година, инсипиран од настанот, снимен е холивудскиот мегахит „Во орлово гнездо“, Where Eagles Dare, со Ричард Бартон и Клинт Иствуд во главните улоги. Бек е одликуван и со најголемиот француски орден „Легија на честа“.

По војната Ивица Бек се посветил на тренерската кариера, но немал преголем успех. Се селел од место до место. Пред крајот на својот живот покрај море го отворил бистрото „Топчија“. Откако му пропаднал угостителскиот бизнис, почнува со продажба на пијалаци.

Бек починал на 2 јуни 1963 година на 54-годишна возраст од срцев удар. Бек починал среде улица во градот Сет. Погребан е во Ле Пи во Сет. Долго време Бек бил заборавен во татковината, сè додека Драган Бјелогрлиќ и „Монтевидео“ не ги запознале помладите генерации со неговиот лик и дело.

Во пресрет на првото Светско првенство во 1930 година, Жил Рим, претседателот на ФИФА, на својот пријател доктор Михаил Андреевиќ му се обратил со зборовите: „Знам дека е тешко да составите тим за првенството. Земете го овој ваш Германец, тој е најдобар професионалец кој можам да го видам во Франција“.

 

 

 

Scroll to Top