Изберете совршена ткаенина за во лето!

Вредно е да се знае кои ткаенини се најдобри за топлите летни денови. Облеката од соодветните материјали ќе ни овозможи да се чувствуваме пријатно, а исто така и без разлика на температурите, да се чувствуваме добро.

Проверете кои од овие материјали е најдобар избор во текот на летото.

Лен

Ова е првиот интуитивен избор кога станува збор за природните материјали во лето – и тоа со право затоа што е еден од најдобрите за топлите денови. Може да преземе 25% влага од телото и да продолжи да изгледа добро.

Ленот е проѕирен. Кога купувате нешто од лен, проверете ја етикетата. Некогаш е помешан со синтетичка ткаенина и тоа е добро затоа што ќе биде поиздржлив.

Памук

Ова е уште еден од природните материјали кои се совршени за во лето. Како и ленот, така и памукот може да апсорбира до 25% влага од телото.

Важно е секое дневно парче да биде преку 50% памук, затоа што само тогаш можеме да ги почувствуваме неговите особини.

Вискоза

Ова е еден од вештачките материјали, но не би требало да ве обесхрабри. Туку токму спротивното! Вискозата се произвеува од една билка наречена целуоза. А, целокупниот процес на произведување е мошне флексибилен.

Може да личи на свила, памук, волна или полиестер. Тоа значи дека вискозата се користи во различни типови на облека. Вискозата исто така е идеална како додаток на други влакна, затоа што на тој начин тие стануваат помеки и дефинитивно попроѕирни.

Модал

Тоа е материјал од втора генерација, таканаречена подобрена вискоза, која е исто така добиена од целуоза. Сам по себе има сатенски сјај, што го чини поупотреблив во многу производи, од долна облека до спортска облека и постелнина.

Влакната се нежни, така што е попријатен за кожата. Кога се додава на памукот, кошулите се меки на допир. Неговите најдобри својства се висока пропустливост и апсорпција за 50% повеќе влага од памукот, што го прави идеален за високите температури.

Рајон

Овој материјал е изграден од древната целуоза, поточно од еукалиптусот. Произведен е на сличен начин како и вискозата, но во помодерна и подобра верзија која го прави материјал од трета генерација.

Ја одвојува влагата од кожата, лесе е и остава впечаток на студенило.

Свила

Ова е ткаенина погодна за во лето. Да проѕирна е, но во исто време и многу чувствителна на сонце. Верзиите на потемни бои можат да избледат, а жолти дамки можат да се појават на посилните бои.

Освен тоа, на свилата се можат да се видат трагови од пот, па затоа е подобро да ја носите во текот на поладните летни вечери.

Волна

Волната можат да изгледаат како изненадувачки избор за лето. Меѓутоа, овој материјал е еднакво добар како за зимско загревање, така и за летно ладење.

Зборуваме за посебна врста која се нарекува ладна волна, чија дебелината на метеријалнот не е битна. Тоа е прилично скап материјал и тешко е да се пронајде облека од овој материјал во високите улични брендови.

Scroll to Top