„Јутјуб“ го отстрани документарецот на Оливер Стоун за Украина

„Јутјуб“ го отстрани документарниот филм на Оливер Стоун за Украина, „Украина во пламен“ (Ukraine On Fire). Во него беа снимени настаните од 2016 година кога се случи Евромајден и бунтот по кој Виктор Јануковиќ беше тргнат од местото претседател.

Од тогаш на чело на земјата дојде влада која беше свртена кон Европа и НАТО. Документарецот беше познат по неговата критика за западната надворешна политика на земјата.

Го продуцираше и режираше украинскиот режисер Игор Лопатонок. Откако се распраша за цензурата на „Јутјуб“ на „Твитер“, Лопатонок рече дека видео старо шест години било отсратено поради насилните и експлицитни содржини.

Тој сега побара од јавноста сите да го гледаат филмот и ако можат да го прешеруваат насекаде.

Во коментар за „Брајтбарт њуз“, портпаролката на „Јутјуб“, потврди дека документарецот е отстранет поради графичките содржини. Тој претходно шест години беше на платформата која е во сопствеништво на „Гугл“ без никакви проблеми.

Ukraine On Fire сè уште е достапен за гледање на голем број други платформи, вклучувајќи ги Odyssey, Vimeo и Rumble. Филмот го прикажува соборувањето на претседателот Јанукович, што доведе до осумгодишен конфликт, а кулминираше со тековната руска инвазија врз земјата.

„Преку нејзината источна граница е Русија, а преку нејзината западна граница Европа. Со векови оваа земја е во центарот на јазот меѓу силите кои сакаат да ги контролираат нејзините природни богатства  и пристапот до Црното Море. Масакрот на Мајдан во 2014 година започна со крвав бунт со кој беше соборен претседателот Виктор Јанукович, а западните медиуми ја означија Русија како виновник за немирите. Но, дали е така? „Украина во пламен“ на Игор Лопатонок дава историска перспектива за длабоките поделби во регионот што доведоа до Портокаловата револуција во 2004 година, бунтовите во 2014 година и насилното соборување на демократски избраниот претседател Јанукович. Она што западните медиуми го објавија како народна револуција е всушност државен удар извршен од националистичките групи и американскиот Стејт департмент. Истражувачкиот новинар Роберт Парис откри како политичките невладини организации и медиумски компании финансирани од САД се појавија од 1980-тите и ја заменија ЦИА со промовирањето на американската геополитичка агенда“, вака сајтот на ИМДБ го опиша документарецот.

Цензурата на YouTube беше брзо забележана од другите платформите прилагодени на слобода на говор. Од „Одисеја“, платформа базирана на блокчејн, која е фокусирана на зајакнување на цензурирани независни креатори, велат дека документарецот ќе остане да стои кај нив. Видео платформата „Румбл“ чиј домаќини се истакнати конзервативци, исто така се приклучија за поддршка на документарецот.

Портпаролката на „Јутјуб“ рече дека отстранувањето на документарецот е поради прекршувањето на политиката за насилна и експлицитна содржина.

„Го отстранивме ова видео поради прекршување на нашата политика за насилна или експлицитна содржина, која забранува снимки од трупови со големи повреди, како што се ампутирани екстремитети и видеа со обезглавувања. Повторното поставување на ова видео е прекршување и ќе биде отстрането од ‘Јутјуб’“ рече портпаролката.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top