Сте се прашале ли некогаш каде ќе излезете ако ископате тунел низ центарот на земјината топка? Апликацијата antipodesmaps.com открива каде ќе излезете на спротивната страна од Земјата, од секоја локација. Сè што треба да направите е да ја внесете локацијата на која се наоѓате и потоа програмата според дадените координати, ќе ви ги даде координатите на антиподот, место на Земјата кое е дијаметрално спротивно на друго место на земјината површина.
Ако го внесете кој било град од Македонија, ќе добиениот антипод е во водите на Тихиот Океан, илјадници километри оддалечен од најблиското копно Нов Зеланд.
Интересно е што за најголемиот дел од Европа и САД добиениот антипод е океан, а не Кина како што веруваат многумина. Единствени копнени места во светот чиј антипод се наоѓа во Кина, се делови од Чиле и Аргентина.