Како да ги спасите оштетените врвови на косата

Нашата коса не изгледа секогаш како што ние би сакале.

Честопати е сува, а врвовите ѝ се оштетени. Но, само следете ги неколкуте мали правила за да уживате во убавата и здрава коса.

1. Редовно стрижење на врвовите

Долга и здрава коса е огромен предизвик. Жените кои сакаат долга коса избегнуваат посета на фризер. Ова е голема грешка. Косата е изложена на оштетување, дури и пореди високите температури. Кога краевите ќе се оштетат, косата со време ќе ви стане сè пократка. Честата посета на фризер нема да го забрза растот на косата, но значајно ќе ја подобри нејзината состојба.

2. Сушење на косата со ладен воздух

Звучи како невозможна задача, но сè е работа на навика. Сушењето на косата со топол воздух е брзо и пријатно, меѓутоа ова не е рецепт за здрава коса. Ладниот воздух ги затвора кутикулите и ги прави сјајни.

3. Масло

Ова е постапка која станува сè популарна. Благодарение на маслото, барем 1-2 пати неделно, косата ќе стане појака и понегувана. Дури ја заштитувате и од штетните влијанија од надворешните фактори и губењето на драгоцените протеини.

4. Разни хранливи материи

Добро е да се знае дека косата сака промени. Користејќи производи од различни состави, редовно ја нудиме дозата на нови непроценливи состојки. Затоа, немојте да се откажете од тестирање на различни производи.

5. Мудро бирање на козметиката

Изборот на вистинската козметика е клучот на успехот за убава и здрава коса. Без разлика на типот на коса што го имате, најдобриот избор е природната козметика која нема да ја оптоварува косата со непотребните додатоци. Она што е најважно, трудете се на етикетите да нема ознаки – SLS, SLES, парабен,  GMO или PEG.

Scroll to Top