Како да им ги гледате сторињата на пријателите без нивно знаење

Постојат два начина ако не сакате вашите пријатели да знаат дека сте им ги гледале нивните сториња на „Инстаграм“. Оваа социјална мрежа секогаш ги известува корисниците кои им ги гледал објавите на „Стори“, но тоа може да се сокрие со помош на неколку трикови.

За оваа опција не е препорачливо да се инсталира апликација, особено не од Google Plaу. За да го видите сторито на „Инстаграм“ отворете ја апликацијата анонимно, поминете неколку пати налево над објавите на „Стори“ за да вчита што е можно повеќе, а потоа продолжете.

Повлечете надолу од горниот дел на екранот за да се прикаже панелот за известување на телефонот „Андроид“ и активирајте го режимот Flight или Airplane.

Вратете се во апликацијата „Инстаграм“ и прегледајте ги објавите на „Стори“, без да оставите никаква трага од тоа на сопственикот на профилот. Голем број од корисниците на „Редит“ тврдат дека овој начин функционира.

Можете исто така да ги гледате објавите на „Стори“ на „Инстаграм“ анонимно и преку страницата Anon IG Viewer. Најавете се на неа, внесете го профилот што го барате и почекајте минута или две да се вчитаат објавите на „Стори“.

Сè ќе биде наведено еднододруго и ќе можете да кликнете на секое поединечно. Не мора да се најавувате претходно, а ова успева и во инкогнито режим со активни филтри за заштита на Firefox и проверка на антивирус.

Засега функционира одлично и досега не се пријавени никакви проблеми или закани, а објавите на „Стори“ навистина се вчитуваат.  Погледнете како изгледа користењето на Anon IG Viewer:

Можете дури и да ја преземете целата преземена содржина на вашиот компјутер или телефон. Веб-страницата е бесплатна и не бара регистрација или внесување на какви било податоци или софтвер за користење.

Преку Anon IG Viewer е можно да се гледаат статични и анимирани „Сториња“. Оние кои содржат ефекти, видео објави како индивидуална содржина, не може да се гледаат. 

Scroll to Top