Како да мирисате свежо дури и ако неколку дена не се избањате

Туширањето ни помага да останеме чисти и да се чувствуваме свежо. Меѓутоа, постојат моменти кога, на пример, немаме време да се истушираме во текот на патувањето. Дури и ако тоа се случи, сепак е добро да примениме некои трикови за да го спречиме лошиот мирис.

Користете масло за тело

Во овој случај е подобро да користите миризливо масло за тело, отколку парфем, затоа што мирисот на маслото подолго време трае. Исто така можете да одберете посуптилен, поприроден мирис и да го нанесете на кожата за убав мирис во текот на целиот ден.

Користете влажни марамчиња

Тие се одбра опција која може да ви помогне во одредена мера да се чувствувате чисто затоа што ги елиминираат бактериите кои се одговорни за лошите мириси.

Користете повеќе дезодоранси

Употребата на дезодорансите помагаат да го „убиете“ мирисот на пот. Употребата во поголеми количини може да го зголеми неговиот ефект, како и да ги убие бактериите.

Променете ја долната облека

Многу од пот има околу вашето интимно подрачје и тоа е често топло. Промената на долната облека може да го смали лошиот мирис на пот.

Променете ги чорапите

Стапалата се дел од телото кое најмногу се поти, што предизвикува исклучително непријатен мирис. Редовното менување на чорапи го минимизира лошиот мирис. Исто така е добра идеја да додадете талк во своите чевли.

Избегнувајте храна со лук и зачини

Ваквата храна може да го зајакне лошиот мирис. Во овој случај, во овој момент подобро е да јадете зеленчук и овошје.

Избегнувајте тесна облека

Тесната облека може да загрее некои делови од вашето тело, да предизвика потење што накрај ќе резултира со лош мирис. Пошироката облека ќе ви помогне да останете поладни.

Користете суви шампони

Ваквиот шампон ќе ја оживее вашата коса и ќе престане да изгледа мрсно. Ова ќе ѝ пружи на вашата коса посвеж изглед и мирис, а исто така ќе може да се зголеми и нејзиниот волумен.

Носете марами и ленти за коса

Во случај да немате сув шампон, секогаш можете да користите траки за коса и декоративни марами. Доколку ја изберете вистинската фризура, ќе ја сокриете нечистотијата и лошиот мирис на вашата коса.

Негувајте ја кожата

Хидратацијата ќе ви помогне да го почувствувате посвежиот мирис. Треба да пиете многу вода и да користите добри креми за тело за хидратирање на кожата.

Scroll to Top