Како да проверите која е првата фотографија што сте ја лајкнале на Инстаграм

Голем број корисници на Инстаграм сакаат да знаат која е првата слика што ја лајкнале кога отвориле профил на оваа социјална мрежа. Некои имаат Инстаграм повеќе од десет години и иако лесно ќе ја видат првата слика што ја објавиле, тешко е да дојдат до првата слика што ја лајкнале. Но, на „Тик-ток“ се појави видео кое објаснува како можете да ја најдете првата лајкната слика.

Во интеракциите можете да добиете преглед на сите ваши активности кои ги имате направено на Инстаграм, вклучувајќи ги и лајковите, коментарите или реакциите на сториња, како и гласањата на анкети. Потоа од сето тоа ќе го одберете она што сакате да го видите. Ако сакате да дознаете која е првата лајкната слика, треба да ги одберете лајковите како опција. Потоа, изберете да ви ги прикаже лајковите од најстари до најнови. На крајот потврдете ја оваа опција и за неколку моменти ќе ви се прикаже првата фотографија што сте ја лајкнале.

@breetheshmurda Reply to @exaugusted ♬ Thinking with My Dick (feat. Juicy J) – Kevin Gates

Scroll to Top