Батериите во нашите паметни телефони имаат ограничен век на траење и ако погрешно ги полниме може да настанат сериозни технички проблеми. Повеќето мислат дека телефоните треба да ги полнат додека спијат, но тоа е голема грешка, пренесува „Бизнис-инсајдер“.
Полнењето преку ноќ и оставањето и кога мобилните се 100% наполнети не е добра идеја затоа што тоа го забрзува процесот на слабеење на батеријата.
Неминовно е дека батериите со време слабеат, но, доколку го полните телефонот на овој начин, овој процес само ќе се забрза. Од „Гугл“ пак не се согласуваат и сметаат дека ова е само едно старо убедување и дека паметните телефони самите го запираат процесот на полнење кога батеријата ќе стигне до 100%.
Сепак литиум-јонската батерија најмалку слабее ако ја одржувате на 30 или 50% наполнетост. „Самсунг“ и „Епл“ се согласуваат дека батеријата најдобро се одржува кога е наполнета до 50% и дека тоа помага во продолжување на нејзиниот животен век.