Премиерот на Канада, Џастин Трудо, со неговата сопруга Софи, се вакцинираа и ја примија првата доза од вакцината против коронавирус, „АстраЗенека“.
„Многу сум возбуден. Ако е вашиот ред да се вакцинирате, направете го тоа што е можно побрзо“, изјави 49-годишниот Трудо, откако се вакцинираше во локална аптека во близина на зградата на парламентот.
Трудо се вакцинираше по три недели откако Канада ја суспендираше нејзината употреба за лицата под 55 години. Ваквиот потег на службите во Канада, беше директен повод и Македонија да донесе слична одлука.
Канада и Германија беа првите земји кои објавија дека ќе ја ограничат употребата на оваа вакцина на одредена возрасна група поради извештаите за појава на ретки случаи на тромбоза. Канада во меѓувреме ја промени својата политика кон оваа вакцина и