Во Венеција наскоро ќе се отвори музеј посветен на познатиот заводник Џакомо Казанова. Шест простории на фондацијата „Казанова“ од 2 април ќе бидат отворени за јавноста, а посетителите во музејот ќе може да дознаат повеќе за животот и времето во кое живеел тој, од 1725 до 1798 година.
„Казанова бил голем мислител, писател и филозоф кој, неправедно, во историјата остана запаметен првенствено како голем заводник на жени“, рекол Карло Луиџи Пароди, основачот на фондацијата.
Казанова од родната Венеција бил протеран во 1782 година откако објавил сатирично дело за љубовниот живот на припадници на аристократијата во градот.