Одговорните лица за „Проектот Валкира“ наскоро се очекува да го означат почетокот на изградбата на најголемата јахта во историјата. Се очекува проектот да чини 680 милиони евра, а резултатот од тоа ќе биде јахта во должина од 229 метри. Тоа е околу два фудбалски терени или 24 автобуси паркирани еден до друг.
Новата јахта се очекува да го сруши рекордот што го држи суперјахтата „Азам“, која е во сопственост на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Халиф бин Зајед ал Нахјан Азам. Неговата јахта е со должина од 180 метри, може да прими 52 гости и 92 члена на екипажот. Цела една палуба е направена само за сопственикот.
Новоизградената јахта ќе може да дистигне брзина од 25 јазли. Планирано е во неа да има коцкарница, театар, ресторани, па дури и уметнички галерии. Проектот е дел од јужнокорејскиот дизајнер Чулхун Парк (36), кој во рамки на осуммесечна студија, работел со дизајнерот на јахтата „Палмер Џонсон“.
Бродот ќе биде направен од алуминиум и специјални структури од јаглени влакна. Парк вели дека забележал дека јахтите воавно се бојадисани во бела боја и имаат облик на свадбени торти, па поради тоа се одлучил и осмислил малку поинаква јахта.
„Се обидов да го променам надворешниот изглед на структурата и да креирам облици што не се праволиниски. Поради тоа се чини дека компонентите се искривени“, објаснува авторот на проектот.