Режисерката Пети Џенкинс потврди дека ќе се снима трето продолжение на филмот „Вондер воман“. Таа откри дека филмот е во фаза на изработка, а дека главната улога повторно ќе ја глуми Гал Гадот.
Филмот ќе се снима по успехот што „Вондер воман 1984“ го постигна на киноблагајните и на стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“.
„Премногу сме возбудени за третиот дел на филмот. Гал жали што не е тука, но таа е најзафатената личност на светот со три мали деца и снимање“, рече Џенкинс на DC FanDome што се одржа овој викенд.
Режисерката не откри детали за тоа кога ќе почне да снимањето на филмот. Таа не сакаше да каже ни дали во третиот дел повторно ќе глуми Крис Пајн.
„Дозволете ни да ве изненадиме“, рече таа.