Кинез со ампутирани нозе го искачи Монт Еверест

Кинескиот планинар Шија Боју, на кој двете нозе му биле ампутирани поради смрзнатините што ги претрпил на Монт Еверест пред 43 години, деновиве успеа да го искачи највисокиот врв на светот. 69-годишен Боју е втор човек без две нозе кој се искачил на Монт Еверест.

Боју останал без двете стапала во 1975 година, откако му ја дал својата вреќа за спиење на болен колега кога ги зафатило силно невреме на планината. Невремето се случило во таканаречената зона на смртта, близу врвот, на висина над 8.000 метри. Тој и неговата екипа таму останале заглавени три ноќи. Иако во прв момент му биле ампутирани само стапалата, подоцна останал и без двете нозе поради рак. Сепак, никогаш не се откажал од сонот да се искачи на Монт Еверест.

Тоа беше мој сон и морав да го остварам. Тоа беше мој личен предизвик, но и судбина“, изјавил Боју, кој имал три неуспешни обиди во последните четири години.

 

Scroll to Top