Колку време треба да се ослободиме од лошите навики?

Откако навиките ќе се формираат, тешко е да се прекинат. Луѓето несвесно стануваат робови на некои активности кои почнуваат да ги практикуваат секој ден. Понекогаш и забораваат како ги стекнале тие навики.

Од секојдневното миење заби до пиење кафе во 11 часот, сите луѓе имаат околу десетина навики и секојдневни рутини, пишува ScienceAlert.

Некои навики се позитивни и корисни, како што е одењето во теретана, а други, како пушењето кутија цигари дневно или честото нарачување пици се негативни, па дури и штетни по нашето здравје.

Постојат апликации ко би ви помогнале како да создадете некоја нова навика или да се одвикнете од лошите. Многумина се темелат на претпоставки дека за одвикнување на некоја лоша навика се потребни 21 ден.

Овој број потекнува од популарната книга во шеесетите години на минатиот век под името „Психокибернетика“, на пластичниот хирург Максвел Малца, кој забележал дека неговите пациенти, по операциите во просек им се потребни 21 ден за да се навкинат на новиот изглед.

Според резултатите од спроведената студија во 2009 година, времето потребно за одвикнување на навиките не може да се прецизира. Научниците од лондонскиот Универзитет истражиле нови навики кај 96 луѓе во период од 12 недели и откриле дека просечното време за усвојување на новите навики изнесува 66 дена.

Истакнале дека индивидуалното усвојување на новите навики се движи во период од 18 до 254 дена. Ако сакате да усвоите некоја нова навика, потребни ви се најмалку два месеци и не би требало да очајувате ако тоа не ви успее за три недели, затоа што на повеќето луѓе тоа не им е доволно.

Секоја добра, лоша или безначајна навика започнува со психолошка причина која се нарекува „јамка навика“. Станува збор за процес кој се состои од три дела. Во првиот дел, мозокот ви овозможува одреден вид на однесување. Вториот дел е самото однесување, односно рутината која се создава, додека третиот дел е наградата.

Мозокот ви дава знаци дека ви се допаѓа оваа рутина и ја памети „јамка навиката“ и во иднина. Откако навиката ќе се формира, тешко е да се прекина, затоа што забораваме како воопшто сме почнале тоа да го правиме. Тогаш стануваме робови на овие навики кои ги практикуваме несвесно.

Како да се ослободите од лошите навики?

Се чини дека создавањето на лошите навики и одвикнувањето од старите е тесно поврзано и се работи за две страни на иста паричка.

„Прекинувањето на старата навика значи воспоставување на нови навики. Старата навика сеуште е присутна, затоа што станува збор за причина на реакција на неуроните во мозокот. Но, помалку е доминантна и помалку силна“, објаснува психологот Тимоти Фил.

„Многу е полесно да се почне да се работи нешто ново, отколку да се престане да се работи нешто на што сме навиканле без заменска активност“, вели неронаучникот Елиот Беркман.

„Тоа е една од причините поради кои средствата за помош при одвикнувањето од пушење, како никотинската гума или инхалаторот, обично се поефикасни од никотинските фластери“, вели Беркман.

Експертите не се согласуваат дека не постои типична временска рамка за прекин на некоја навика, а вистинскиот рецепт е спојување на личноста, мотивацијата, околностите кои не опкружуваат и навиките за кој станува збор.

„Луѓето кои сакаат да ги отфрлат навиките, затоа што постојат причини кои се во согласност со нивните животни вредности, своето однесување ќе го променат многу побрзо од оние кои тоа го прават под притисок на други луѓе“, објаснува Беркман.

За да успешно се одвикнете од нешто, морате да размислите за тоа која е вашата најсилна мотивација која ќе ве промени. Размислете за некоја активност со која ќе ја замените старата навика, но поведете сметка таа да биде позитивна. Не дозволувајте на пример, пушењето да го замените со грицки.

Морате да бидете трпеливи. Колку навиката е подолга, подолго ќе ви треба да се ослободите од неа.

„Долгогодишните навики буквално се всадени на неурално ниво, па некои видови однесувања се изразито силни“, објаснува Беркман.

„Добрата вест е дека луѓето речиси секогаш се во состоба да осварат нешто други и ново, кога се свесни за негативните ефекти и кога се доволно мотивирани за промените“, вели Беркман.

 

Scroll to Top