Шведската докторка Ана Багенхолм во 1999 година успеала да преживее тешка несреќа за време на скијање. Таа се нашла во водата под ледот, а температурата на нејзиното тело се спуштила за многу брзо време, по што кратко потоа паднала во несвест.
„Ана речиси беше замрзната кога ја извлековме“, велат нејзините пријатели.
Ана додека била под водата нашла дупка во ледот, преку која успеала да дише. Нејзините пријатели велат дека успеале да ја фатат за чизмите и да ја задржат за целосно да не потоне. Благодарение на брзата реакција на лекарите, Ана успеала да се врати во живот.
Лекарите велат дека човечкото тело најдобро функционира на температура од 37 степени, а во случаите на зголемена или намалена температура, се зголемува притисокот на виталните органи, а телото се бори за да преживее. Сепак постојат случаи каде телото успева да прежиее. Случајот со Ана е нешто што и самата наука не може да го објасни.
Облеката на Ана додека била под вода станувала сè потешка и пријателите велат дека едвај успеале да ја задржат на површината. Температурата нагло се намалила и таа паднала во несвест, велат тие. Додека пристигнала спасувачката екипа, тие го скршиле мразот со лопата и успеале да ја извлечат надвор. Таа била под вода речиси 80 миунти. Кога ја извлекле, Ана немала пулс, кожата ѝ била бледа, а зениците широки. Со хеликоптер веднаш била префрлена во болница. Била целосно замрзната, велат нејзините пријатели.
ЕКГ-то цело време покажувало рамна линија. Ана не покажувала никакви знаци на живот. Дури и неколку часа нејзиното тело не успеало да ја врати температурата на 14 степени Целзиусови.
Ана по несреќата изјавила дека тој ден денот бил одличен за скијање. Сонцето силно сјаело, а видливоста траела долго во ноќта. Сепак, по неколку спуштања со скиите, Ана доживеала несреќа. Таа изгубила рамнотежа и завршила под замрзнатото езеро.
„Толку ниска температура е непознато подрачје за нас“, изјавил физиологот Кевин Фонг.
Фонг вели дека тимот со кој работел не сакал да се откаже и донел одлука да не ја прогласи за мртва, сè додека не ѝ ја повратат температурата.
Ана потонала во леденото езеро, нејзиното тело немало време да се прилагоди, а најдобрата можна опција била нејзиниот мозок набрзина да се смрзне. Според тоа, Ана можела да оживее, ако за брзо време ја зголемат нејзината телесна температура и ја затоплат.
Тим специјалисти ја однеле во операционата сала, каде ја приклучиле за уредот за срце и белите дробови. Апаратите ја пумпале крвта надвор од нејзиното тело, ја затоплувале и повторно ја враќале назад.
Часови подоцна, температурата кај Ана почнала да се зголемува. ЕКГ-то произведувало звуци, а потоа повторно покажувало рамна линија. Лекарите и пријателите чекале со часови. Околу 16 часот истиот ден кога Ана била донесена во болница нејзиното срце почнало да чука.
По 12 дена, Ана ги отворила очите. Ѝ биле потребни години за да може повторно да се движи, оди и повторно да скија. Со време, со малку повеќе волја и одлучност, Ана успеала да се врати во живот.
„Смртта може да ја гледаме како еден момент во времето, но всушност тоа е процес. Обично тој процес се случува во неколку минути, а замрзнувањето на телото го забавува. Го забавува дури и прогресивниот недостаток на кислород, кој во повеќето случаи многу брзо го убива мозокот“, велат лекарите.
Кај Ана умирањето се одложило со часови. Тоа било доволно време и период за лекарите навремено реагираат. Иако ниската температура ја забавила работата на срцето, ги парализирало мускулите и ги замрзнала нервите, сепак го зачувала нејзиниот мозок.
Ана поголемиот дел од својот живот го минала во Универзитетска болница во норвешкиот град Тромсо. Работејќи како радиолог, таа изведувала магнетна резонанца и ЦТ-скенови, проверувајќи ја состојбата на пациентите. Ана вели дека никогаш не помислила дека и таа ќе се најде во ситуација како и нејзините пациенти.