Овен
Ова ќе биде вистински ден на љубов кон вас. Важна личност за вас ќе ви покаже колку ѝ значите. Ова ќе биде добро за вашата самодоверба. Ако сте во врска, прославете колку добро се чувствувате и, ако сте сами, ризикувајте и осмелете се да направите нови љубовни почетоци, барем толку мали како флертувањето.
Бик
Очекувајте добри вести на љубовниот фронт. Овој Ден на вљубените нема да има изненадувања или новина за вас. Но не брзајте, ѕвездите ве советуваат да имате трпение. Ограничете ја вашата љубопитност на умерени прашања, но без преминување на границите.
Близнаци
На Денот на вљубените бидете повеќе љубезни, не дозволувајте си забелешки. Во вечерните часови ќе ви треба пријателски совет, но вашите зборови во утринските часови може да стават ѕид помеѓу вас и вашиот партнер. Само од вас зависи како ќе го прославите денот на љубовта.
Рак
Вашиот најголем шарм ќе бидат трпението и толеранцијата. Постапувајте едно по едно и до крајот на денот ќе бидете изненадени од тоа колку сте постигнале. Вечерта партнерот ќе ве изненади со убави вести.
Лав
Следува голема прослава на Денот на вљубените. Во последно време сте го занемариле вашиот партнер, па сега мора да бидете екстремно инспирирани. Земете го потребното внимание и не правете толку долго пауза во вашата комуникација.
Девица
Во прилог на празникот на вљубените добро е да помислите и на вашето здравје. Во работата одложувањето некои состаноци може да биде знак дека сега не е нивното време, не жалете за ништо, уживајте само во љубовта овој ден.
Вага
Ќе биде одличен Ден на вљубените за вас. Месецов ќе ја роди страста што често ја заборавате. Кога зборуваме за енергијата, годинашното соѕвездие на водолија ќе ви даде дополнителен излив на вибрации. Бидете храбри и заљубени. Немојте да го превидувате празникот и дозволете си романтична вечера со вашиот партнер.
Скорпија
На Денот на вљубените ќе се изненадите. Вие скорпиите сте величествено интуитивни суштества, кои може да создадат голема магија кога правилно ја насочувате својата волја. Но, кога се спротивставувате, вашите емоции може да станат диви и несреќни. Внимавајте на емотивните испади и не плашете се да се разладите ако се чувствувате асоцијално или едноставно пргаво. И не плачете за минатите љубови.
Стрелец
Ќе биде добар ден за затворање на одложувањата и за почнување нови предизвици. Имате шанса да завршите со работа два дена порано и да испланирате подолг одмор и славење со саканиот/саканата.
Јарец
Немојте да сте скептични во врска со романтичните иницијативи на вашиот партнер. Стиснете ги забите и обидете се да ги издржите обидите да ви покажат колку сте сакани. Обидете се да го кажете тоа.
Водолија
Овој ден нема да ве разочара ниту во работата ниту во личностите. Ќе го имате вашиот одмор. Треба само да ја покажете својата желба за развој и за постигнување нови врвови. Ова е одличен ден за сите водолии што се сами, затоа почнете со флертување.
Риби
Ќе имате супер романтичен ден. Пристапете со смисла за хумор и обидете се да бидете нежни кон партнерот кој ве сака повеќе од сè.