На порталот „Ранкер“ во гласањето за најубаво знаме во светот, од 100 земји, знамето на Македонија во моментот се наоѓа на 10. место.
Веднаш зад него следува знамето на Бутан, а пред македонското знаме се наоѓа руското знаме. Најголем број гласови добило знамето на Србија, а во првата тројка се уште и знамето на Кралството на Србија и канадското знаме.
Гласањето сè уште не е завршено, а во топ-10 земји се најдоа и знамињата на Југославија, Хрватска, Велика Британија и Грција.