Манекенка со Даунов синдром на модната недела во Њујорк

Софија Јирау од Порторико стана вистинска модна сензација откако на почетокот на февруари се појави на модната недела во Њујорк. Софија е родена со Даунов синдром, а во Њујорк за првпат прошета на модна писта.

„Навистина добро се чувствувам. Сите ми ракоплескаа“, рекла Софија за People.

Софија има свој сопствен бренд по име Alavett. Продава разни модни додатоци, а сонот ѝ е да стане инспирација на сите слични на неа.

На Инстаграм ја следат повеќе од 80 илјади луѓе, а реакцијата на нејзиниот прв манекенски излет се фантастични.

„Прекрасна“, „Браво Софија“, „За тебе не постојат граници“, „Колку си убава“, „Горда сум“, се само некои од коментарите.

 

Scroll to Top